Гислејн Максвел (58) имала непрекинати „оргии“ со 15-годишни девојчиња на карипскиот остров во сопственост на педофилот милијардер Џефри Епштајн, откриваат новите судски документи од изјавата на Вирџинија Робертс Гуфре.
Шокантните тврдења се наоѓаат во нејзиното сведочење од 2015 година.
Документите се ставени под клуч откако Максвел, која беше опишана како „мадам“ на Епштајн, се согласила да го реши случајот надвор од судот, но таа сега е уапсена под обвинение за сексуални злосторства и сите детали сега се познати во јавноста.
Во документите се наведува дека Гислејн и Џефри организирале оргии кои траеле со денови на приватниот остров, а девојчињата доаѓале со приватни авиони.
Вирџинија беше прашана да ги опише жените кои доаѓале на овој остров заради сексуалниот контакт, а таа одговорила: „Ги имаше толку многу, не знам од каде да започнам“.
– Имаше русокоси, имаше бринети, црвенокоси. Сите беа убави девојки. Би рекла дека беа на возраст меѓу 15 и 21 година – додала таа.
– Сите девојки беа модели – мислам дека беа модели. Имаше оргии кои се одржуваа и надвор покрај базенот. Девојките не зборуваа англиски јазик, туку руски или чешки – рекла Вирџинија Робертс. Таа исто така навела дека Џефри и Гислејн ја продавале на моќни луѓе за секс, вклучувајќи го и принцот Ендру и дека барале од неа да се однесува како да ужива, а не како да е осудена.
Таа тврдела дека кај Епштајн доаѓале гости како Бил Клинтон, Наоми Кемпбел, Хајди Клум и дека сите учествувале во оргиите што биле организирани таму.
Гислејн во моментот е во затвор и чека судење, а Џефри Епштајн беше пронајден обесен во ќелија минатиот август, додека го чекаше судењето под обвинение за трговија со секс и злоупотреба на жени и девојки во Флорида од 2002 до 2005 година.