НОВИ АВАНТУРИ НА ПУТИН Цел свет му се восхитува, а ова успеа да го изненади (ВИДЕО)
Тие пешачеа, возеа теренски возила и ловеа риби. Во еден момент, Путин беше изненаден кога речиси безмалку ќе беа „прегазени од стадо елени“. Животните не се навикнати на луѓе кои влегуваат на нивна територија.
Како и секоја година, кога рускиот претседател Владимир Путин оди на одмор, светот се восхитува на неговите авантури.
Така беше и овој пат во Сибир. Тој ја посети областа во близина на границата со Монголија со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и надзорникот на тимот од природниот резерват Сајано-Шушенски, Генадиј Кисељев.
Тие пешачеа, возеа теренски возила и ловеа риби. Во еден момент, Путин беше изненаден кога речиси безмалку ќе беа „прегазени од стадо елени“. Животните не се навикнати на луѓе кои влегуваат на нивна територија.
– Отидоа со таа брзина. Како скокнаа! Треба да учествуваат на Олимписките игри, никој не е еднаков со нив – рече зачудениот Путин.
Имаше и гласини дека тројцата мажи се приближиле до дувло на мечка и дека животот на Путин бил во опасност.
Се проценува дека околу 200 мечки живеат во резерватот.
Одговарајќи на гласините, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се пошегува: „Ајде, ве молам, мечката може да види дека ова е Путин, на крајот на краиштата“.
Патем, Кисељев го информираше претседателот за програмите за зачувување на снежните леопарди во резерватот, а познато е дека Путин е љубител на големи мачки.