НОВИ АПСЕЊА ОД КОРУПЦИСКАТА АФЕРА „КАИЛИ“ Европратениците Тарабела и Коцолино работеле за Катар и за Мароко

Европскиот парламент минатата недела им ги укина имунитетите на двајцата европратеници. Тие се сомничат дека биле потплатени од трети земји.

557

Нови апсења на европарламентарци од коруптивната афера Ева Каили. Белгиското обвинителство го уапси Марк Тарабела, пратеник во Европскиот парламент, а е приведен и пратеникот Андреа Коцолино.

Европскиот парламент минатата недела им ги укина имунитетите на двајцата европратеници. Тие се сомничат дека биле потплатени од трети земји. И Тарабела и Косолино ги негираат обвинувањата.






Тарабела е осомничен дека добивал поволности од Катар, додека Коцолино кој исто така добивал услуги од Катар, бил под влијание и на Мароко. До јануари ја предводеше делегацијата на Европскиот парламент за односи со земјите од Магреб.

Ева Каили, поранешна грчка европратеничка и потпретседателка на Европскиот парламент, поранешниот италијански пратеник Пјер Антонио Панцери и уште два члена на Парламентот се наоѓаат во затвор во Белгија, каде што се соочуваат со обвиненија за корупција и за перење пари во рамки на истрагата за наводните исплати од Катар и од Мароко.

 

 

Поврзани содржини