НОВИ 800 МИЛИОНИ ЗА НОВИ ЕКСПЛОЗИИ Во Крим пак детонации, битки во Харков, Николаев… (ВИДЕО)

Најмалку четири експлозии одекнаа во близина на главната воздушна база Белбек, северно од Севастопол на полуостровот Крим. Прорускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развозаев изјави дека нема штета и нема повредени. Автентичноста на видео-снимките уште не е потврдена. Истовремено, во ракетните напади врз Харков, загина едно лице, соопшти регионалната служба за итни случаи.

728

Денеска е 177 ден од војната во Украина. Американската администрација на претседателот Џо Бајден подготвува околу 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина и тоа може да биде соопштено уште денеска, велат анонимни извори.

Бајден би можел да одобри помош, користејќи го претседателското овластување што овозможува брза испорака на вишок оружје од американските резерви на странски држави или организации во итни случаи.






Нова серија експлозии на Крим

Најмалку четири експлозии одекнаа во близина на главната воздушна база Белбек, северно од Севастопол на полуостровот Крим. Прорускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развозаев изјави дека нема штета и нема повредени, пренесува Нова.

Објавени се и видео снимки на кои се гледа состојбата на Крим од утрово. Автентичноста на снимките не е потврдена.

Активирана е и противвоздушната одбрана во близина на Керч, град на крајот на Крим од мостот што води кон копното Русија, стратешки витална рута за снабдување што многумина во Украина би сакале да ја видат уништена. Локалните медиуми јавуваат дека е соборен украински дрон.

 

 

Утринава напади во Харков и во Николаев

Рано утринава се слушнале експлозии во Харков и во Николаев, соопштија градоначалниците Игор Терехов и Олександар Сенкевиќ. Терехов изјавил дека руските сили нападнале три области на Харков, пренесува Униан.

Во ракетните напади врз Харков, едно лице загина, соопшти регионалната служба за итни случаи.

Русите се тие кои подготвуваат провокација во Запорожје?

Украинската воена разузнавачка служба предупреди дека руските сили можеби се подготвуваат да „организираат провокација“ во нуклеарната централа Запорожје под нивна контрола. Русија наводно планира да изврши инцидент во електраната во петок, а има информации дека персоналот на руската нуклеарна компанија Росатом ја напуштил локацијата.

„Окупаторите најавија неочекуван „слободен ден“ во нуклеарната централа Запорожје, а на 19 август во Запорожје ќе биде само оперативниот персонал. Влезот за сите други вработени ќе биде затворен“, објави украинската разузнавачка служба.

Руските државни медиуми претходно ја обвинија Украина дека „планира провокација“ во електраната што ќе се совпадне со посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Украина.

Две села во Русија евакуирани поради пожар

Две руски села се евакуирани по пожар во складиште за муниција во близина на руско-украинската граница во регионот на Белгород.

„Во близина на селото Тимоново, на помалку од 50 километри од границата, се запали складиште за муниција“, се вели во соопштението на регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, додавајќи дека нема жртви.

„Погодена е една станбена зграда, според првичните информации нема жртви. Зафатена е и инфраструктурна зграда. Таму избувнал пожар“, напиша Терехов на Телеграм.

Поврзани содржини