Уште 6 милиони евра од денеска им се достапни на компаниите за бескаматни кредити за надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот и заштита на ликвидноста и работните места. Наскоро ќе му бидат достапни околу 100 милиони евра за таа намена, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
– Вчера најавивме дека на компаниите им се веднаш достапни 5,7 милиони евра за бескаматни кредити преку Развојната банка, а од денеска ќе им бидат достапни уште 6 милиони евра – рече Ангеловска.
Таа рече и дека преговара со Европската инвестициска банка за дополнителни 50 милиони евра што ќе им бидат намаенти за бескаматни керити на компаниите погодени од состојбата со коронавирусот .
Како што рече, со мерката ослободување од плаќање на аконтации од данокот на добивка за сите погодени компани во наредните 3 месеци ќе се осоободат околу 10 милиони евра, со субвенционирањето на 50 отсто од придонесите околу 20 милиони евра, преку бескаматните кредити ќе им се достапни уште 60-тина милиони евра.
– Ако ги собереме бројките зборувам за околу 100 милиони евра, а дали уште ќе бидат ставени и дали ќе се воведат дополнителни мерки – да , но ќе треба да го одржиме ликвиден Буџетот – рече таа.
Ангеловска најави дека се прават и напори за осолобдување на граѓаните од ратите за кредити за наредните три месеци.
– Комитетот за финансиска стабилност денеска има состанок на кој ќе се разговара со комерцијалните банки за носење на одлуката за одлагање на плаќањето на ратите за кредитите и за граѓаните и за погодените компании. Треба да најдеме начин кога граѓаните ќе почнат да ги плаќаат ратите да не биде тоа преку нарушување на финасиската стабилност – рече Ангеловска.