Нови 592 случаи и 21 починат од ковид-19
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80.407, бројката на оздравени пациенти е 57.434, на починати е 2.375, а бројот на активни случаи изнесува 20.598.
Во последните 24 часа се направени 2.206 тестирања, а регистрирани се 592 нови случаи на ковид-19. Починати се 21 лице а Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.
Од новозаразените во Скопје се 259, Куманово 31, Дебар 7, Штип 8, Прилеп 30, Тетово 18, Струга 21, Велес 17, Битола 24, Охрид 28, Кавадарци 35, Гостивар 21, Гевгелија 8, Струмица 12, Крива Паланка 9, Радовиш 5, Кочани 7, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 2, Валандово 3, Виница 4, Делчево 4, Кратово 1, Свети Николе 5, Кичево 10, Ресен 7, Неготино 12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје 245, Куманово 26, Штип 28, Прилеп 76, Тетово 23, Струга 12, Велес 23, Битола 47, Охрид 13, Кавадарци 25, Гостивар 29, Гевгелија 17, Струмица 19, Крива Паланка 2, Радовиш 5, Кочани 13, Пробиштип 2, Демир Хисар 2, Македонски Брод 5, Пехчево 1, Берово 16, Валандово 1, Виница 2, Делчево 12, Кратово 4, Свети Николе- , Кичево-11, Ресен 7 и Неготино 18.
Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (79,78,68,62, 64 и 53г), двајца од Куманово (69 и 78г), двајца од Тетово (60 и 72г), тројца од Прилеп (61,77 и 85г), еден пациент од Штип (87г), еден од Охрид (77г), еден од Струга (69г), двајца пациенти од Битола (64 и 85г), еден од Струмица (83г), еден од Берово (59г) и еден пациент од Валандово (52г).Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80.407, бројката на оздравени пациенти е 57.434, на починати е 2.375, а бројот на активни случаи изнесува 20.598.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 34.687, активни 11.679, Куманово 4.577, активни 569, Дебар 605, активни 129, Штип 3.233, активни 323, Прилеп 4.057, активни 681, Тетово 4.668, активни 942, Струга 1.958, активни 356, Велес 2.669, активни 548, Битола 2.934, активни 649, Охрид 2.295, активни 588, Кавадарци 1.994, активни 578, Гостивар 3.308, активни 624, Гевгелија 1.098, активни 296 (74 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 186 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица 2.219, активни 629, Крива Паланка 586, активни 121, Радовиш 592, активни 125, Крушево 155, активни 66, Кочани 1.561, активни 25, Пробиштип 438, активни 51, Демир Хисар 230, активни 39, Македонски Брод 209, активни 29, Пехчево 133, активни 16, Берово 485, активни 62, Валандово 291, активни 64, Виница 435, активни 67, Делчево 660, активни 216 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 187, активни 20, Свети Николе 1.027, активни 135, Кичево 1.542, активни 265, Ресен 613, активни 136, Неготино 961, активни 338 (152 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.206 теста се преку: ИЈЗ 502, ЦЈЗ Скопје 60, Авицена 218, Биотек 138, МАНУ 145, Жан Митрев 106, Систина со PCR метода 144, лабораторија Лаор 40, Судска медицина 4, ЦЈЗ Битола 73, Инфективна клиника 1, ГАК 16, Синлаб 23, Ремедика 23, лабораторија болница Козле 17, ЈЗУ (рапид тест) 693, УК Пулмологија со алергологија 3, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 388.485 тестирања на ковид -19.