НОВИ 526 СЛУЧАИ, 14 ПОЧИНАТИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ Плус 14 починати во првите две недели од септември

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150.

751

Направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 830 оздравени, а во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица, информира Министерството за здравство.

Од новите случаи во Скопје се 245, Куманово 43, Велес 22, Прилеп и Охрид по 19, Штип 18, Кавадарци 17, Струмица 16, Крива Паланка 15, Битола 12, Тетово 11, Гостивар и Кочани по 10, Кичево и Гевгелија по 9, Свети Николе 8, Виница и Валандово по 6, Струга и Ресен по 5, Кратово 4, Радовиш, Берово и Пробиштип по 3, Делчево и Демир Хисар по 2, Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица по 1.






Регистрирани се 830 оздравени пациенти од: Скопје  250, Струга  186, Охрид  103, Струмица  91, Куманово  28, Тетово 22, Кичево 18, Кавадарци 17, Велес, Штип и Битола по 12, Кочани 10, Прилеп и Гостивар по 9, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Берово по 6, Кратово и Дебар по 5, Ресен, Радовиш, Пробиштип, Делчево, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево по 2, Крива Паланка, Виница и Богданци по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 9 починати лица од Скопје (83, 83 , 77 , 76 , 74 , 63 , 57 , 51  и 42 ), 2 починати лица од Куманово (63 и 60 ) и по едно починато лице од Велес (75), Кратово (42) и Кичево (42).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени сè уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година. Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37до 92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови.

Направени се 3.632 тестови преку: ИЈЗ 262, ЦЈЗ Скопје 97, ЦЈЗ Битола 59, ЦЈЗ Прилеп 43, ЦЈЗ Тетово 74, ЦЈЗ Куманово 64, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 0, Судска медицина 1, лабораторија болница Козле 19, УК Пулмологија со алергологија 14, ГОБ „8 Септември“ 0, Институт за микробиологија 179, Жан Митрев 94, Авицена 191, Биотек 253, Систина 58, лабораторија Лаор 128, Синлаб 22, Ремедика 23, Плодност 51, Генеа5, Никоб лаб 388, ВФВ Медикал 42, Ели Медика 64, Ројал Медика  10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)  вкупно 1.491.

Досега во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирање на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 81.913, активни 5.696, Куманово 11.158, активни 931, Тетово 10.778, активни 959, Прилеп 8.963, активни 295, Гостивар 7.942, активни 507, Битола 6.989, активни 257, Велес 6.098, активни 305, Охрид 5.863, активни 474, Кавадарци 5.794, активни 212, Струмица 5.643, активни 323, Штип 5.611, активни 242, Кичево 3.903, активни 412, Струга 3.768, активни 359, Кочани 3.168, активни 132, Гевгелија 2.376, активни 80, Неготино 2.301, активни 43, Свети Николе 1.846, активни 111, Ресен 1.523, активни 108, Радовиш 1.492, активни 112, Дебар 1.445, активни 123, Крива Паланка 1.379, активни 74, Берово 1.203, активни 33, Делчево 1.113, активни 67, Виница 1.017, активни 52, Пробиштип 903, активни 44, Валандово 800, активни 34, Богданци 544, активни 16, Кратово 541, активни 51, Крушево 518, активни 15, Македонски Брод 463, активни 32, Демир Хисар 430, активни 20, Демир Капија 407, активни 5, Пехчево 310, активни 6, Македонска Каменица 294, активни 19, Дојран 139, активни 1.

Поврзани содржини