Нови 50 кревети за пациенти со ковид-19 се подготвуваат на Клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Очна клиника го прими првиот пациент.

469

Во ковид центарот во Клиниката за очни болести кој почна со работа денеска, приемен е првиот пациент на лекување, а целото одделение располага со капацитет од 23 кревети.

Како што соопшти Министерството за здравство, Клиниката е подготвена да помогне во згрижувањето на сите оние пациенти на кои им е потребна хоспитализација и кислородна поддршка.






„Следен чекор е зголемување на болничките капацитетите со 50 легла за ковид пациенти и на Клиниката за уво, нос и грло. Следните денови се очекува да биде комплетно спремна оваа установа, во која во моментов се поставува централен довод на кислород“ соопштени Министерството за здравство.

Поврзани содржини