Во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19. Новозаразените се во: Скопје 22, Куманово 2, Прилеп 1, Тетово 1, Струга 7, Охрид 3, Кавадарци 4, Гостивар 3, Македонски Брод 1, Ресен 1, Неготино 1, соопшти Министерството за здравство.
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 526 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 36173, активни 11009
• Куманово 4756, активни 509
• Дебар 640, активни 125
• Штип 3311, активни 230
• Прилеп 4248, активни 529
• Тетово 4778, активни 830
• Струга 2052, активни 316
• Велес 2777, активни 474
• Битола 3048, активни 530
• Охрид 2455, активни 506
• Кавадарци 2148, активни 527
• Гостивар 3397, активни 536
• Гевгелија 1170, активни 282 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2316, активни 597
• Крива Паланка 631, активни 122
• Радовиш 625, активни 111
• Крушево 167, активни 74
• Кочани 1605, активни 209
• Пробиштип 449, активни 39
• Демир Хисар 236, активни 37
• Македонски Брод 220, активни 26
• Пехчево 156, активни 32
• Берово 501, активни 48
• Валандово 314, активни 57
• Виница 447, активни 61
• Делчево 671, активни 206 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 16
• Свети Николе 1043, активни 89
• Кичево 1577, активни 217
• Ресен 652, активни 143
• Неготино 1033, активни 311 (161 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на ковид -19.