Нови 4 училници добива ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе се укине третата смена
Тој посочи дека со дејствување на Општината и Советот на Општина Аеродром постигната е целта за која училиштето се залагало долго време.
Денеска директорот на основното училиште „Лазо Ангеловски“, Перо Арсеновски најави дека почнува доградбата на објектот во училиштето, при што истакна дека со решавање на овој проблем ќе се реши и проблемот со реализација на наставата и сместување на учениците кои доаѓаат во три смени.
– Во иднина училиштето нема да работи во три смени и со самото тоа проблемите што со години ги тиштат родителите, учениците и училиштето во делот на реализација на наставата ќе биде надминат – изјави Арсеновски.
Тој посочи дека со дејствување на Општината и Советот на Општина Аеродром постигната е целта за која училиштето се залагало долго време.
Арсеновски се надева на брзо надминување на пандемијата и очекува учениците да се вратат што поскоро во современите простории, што ќе бидат пуштени во употреба во наредните три до четири месеци.