Нови 32 пациенти во ковид-центрите во Скопје, вкупно се лекуваат 486 лица

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.

269

Според податоците од Министерството, во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, пет болни се хоспитализирани на ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на Очната клиника.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум пациенти.






Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.

– Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 32 болни, на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на коронавирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти – се вели во соопштението од Министерството.

Оттаму додаваат дека во ГОБ 8 Септември има вкупно 111 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент, од кои 10 деца и 22 возрасни.

– Инаку, утрово до 8 часот имало 30-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември – се вели во соопштението.

Поврзани содржини