Нови 26.000 заболени од ковид-19 во САД, починаа уште 1.000
Ова го соопшти Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Во Соединетите држави се регистрирани 26.229 нови случаи со ковид-19, со што вкупниот број на заразени лица достигна над 1.622 милиони луѓе.
Ова го соопшти Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Во последните 24 часа починаа уште 1.047 лица, така што бројот на жртвите достигна 97.049.
Според „Ројтерс“, податоците на „ЦДЦ“ се однесуваат до сабота до 16 часот по локално време во Вашингтон, додека претходниот биланс кој го објави ова тело беше 24 часа порано.