Нови 163 заразени со ковид-19, нема починати

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 34, нема пациенти на респираторна машина. 

1,227

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19. Во Скопје – 52, Куманово – 21, Дебар – 2, Штип – 33, Тетово – 4, Струга – 7, Велес – 2, Битола – 5, Охрид – 1, Кавадарци – 4, Гостивар – 17, Струмица – 2, Кочани – 2, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 1, Ресен – 1.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје -41, Дебар -1, Штип – 10, Прилеп – 4, Тетово – 1, Велес – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 6, Пробиштип – 1. Нема починати пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412,  бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040. Направените 1636 теста се преку: ИЈЗ – 729, ЦЈЗ Скопје – 10, Авицена – 128, Биотек – 163, МАНУ -176, Жан Митрев (Филип Втори) – 215, Систина со ПЦР метода – 158, Судска медицина – 10, ЦЈЗ Битола – 25, Инфективна клиника – 4, ГАК – 18. Досега во земјата се направени вкупно 88179 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот“, наведено е во соопштението.






На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19, се вели во соопштението.

Поврзани содржини