Нови 130 заразени, 152 оздравени и двајца починати
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.970, бројката на оздравени пациенти е 9.513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.908, соопштуваат од Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-6, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-4, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-2, Гостивар-18, Струмица-1, Пробиштип-2, Берово-1, Виница-5, Делчево-4 и Кичево-7.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје-87, Куманово-18, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-4, Гостивар-9, Македонски Брод-1, Кичево-5 и Ресен-6. Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70) и еден пациент од Штип (75). Пациентите се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.970, бројката на оздравени пациенти е 9.513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.908“, соопштуваат од Министерството за здравство.
Во соопштението е наведено дека биле направени 1.742 тестови, а вкупно од почетокот на пандемијата се направени 128.938 тестирања.
„Направените 1742 теста се преку: ИЈЗ-550, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-139, Биотек-281, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-311, Систина со PCR метода -242, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-32, Инфективна клиника-20, ГАК-20, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот. Во ГОБ ‘8 Септември‘ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, се вели во соопштението.