Нови 123 заразени со ковид-19, починале скопјанец, дебарчанец и струмичанец
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Кичево-5, Ресен-5.
Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079.
Направените 1312 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-132, Биотек-131, МАНУ -125, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Aџибадем Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-7, ГАК-13. Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.
Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 280
Аеродром – 204
Бутел – 141
Гази Баба – 206
Центар – 165
Карпош – 171
Сарај – 114
Кисела Вода – 169
Ѓорче Петров – 125
Студеничани – 107
Шуто Оризари – 108
Арачиново – 34
Илинден – 25
Петровец – 23
Чучер Сандево – 11
Сопиште – 20
Зелениково- 13
Странец – 7
Нераспределен- 15