Нови 111 заболени, двајца мртви
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти, а до утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови пациенти.
Во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 63, Куманово 11, Штип 12, Тетово 8, Велес 3, во Охрид и во крива Паланка по еден, три во Гостивар и девет во Кочани, вработени во градинка, информира Министерството за здравство .
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти. По еден битолчанец и прилепчанец и четворица тетовци.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера од Скопје е контролен тест, еден заболен од Кочани е од Штип, а од Делчево е од Скопје.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и на кислородна поддршка.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Последна дистрибуција на заболени по градови:
• Скопје 1264, активни 658
• Куманово 556, активни 140
• Дебар 52, активни 1
• Штип 174, активни 136
• Прилеп 218, активни 27
• Тетово 281, активни 119
• Струга 98, активни 25
• Велес 144, активни 30
• Битола 30, активни 3
• Охрид 31, активни 14
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 50, активни 29
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 2
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 51, активни 20
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)