НОВИ 1.000 РАБОТНИ МЕСТА Арсовска ќе ја проширува индустриската зона Визбегово

Со подобрување на инфраструктурата ќе ја прошириме зоната и ќе направиме место за уште повеќе компании да станат дел од неа и да отвориме уште 1.000 нови работни места за нашите сограѓани, рече Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

256

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на Здружението на индустриската зона Визбегово на која стопанствениците од оваа зона ги отворија сите прашања и проблеми со кои се соочуваат подолго време.

Тие неколку пати досега барале од надлежните да им се овозможат подобри услови за работење.






– Како веќе докажан менаџер ги ценам напорите и залагањата на претприемачите од оваа зона кои се од големо значење како од економски, но и од социјален аспект. Со подобрување на инфраструктурата ќе ја прошириме зоната и ќе направиме место за уште повеќе компании да станат дел од неа и да отвориме уште 1.000 нови работни места за нашите сограѓани. Оваа индустриска зона ќе има ист третман како и другите индустриски зони – изјави Арсовска на средбата.

Претставниците на компаниите побараа од Арсовска уште во првите 60 дена кога ќе стане градоначалник, заедно да седнат и да направат акциски план за работење на зоната.

Повеќе од компаниите во индустриската зона Визбегово се домашни компании и профитот кој го реализираат, повторно го инвестираат во државата.

Поврзани содржини