Новата прва дама пет пати му рекла „не“ на Џо Бајден ФОТО

1,158

Џил Бајден (69) е професорка на колеџ во северна Вирџинија, има две магистерски тези и докторат, предава на Катедрата за англиски јазик и литература, а медиумите известуваат дека таа би можела да направи преседан и да биде единствената прва дама во Соединетите држави што ќе ја задржи работата нема да се посвети целосно на улогата на сопругата на претседателот.

Порано беше втора дама на САД, кога Барак Обама беше претседател, а тогаш стана првата жена на таа позиција која ја задржала својата главна работа.






Џо и Џил се запознале на состанок на „слепо“. Три години по смртта на првата сопруга и ќерка на Бајден, неговиот брат ги запознал. Џил во тоа време сè уште студирала, а во интервју за „Вог“ открила дека Џо тогаш ѝ оставил одличен впечаток.

– Кога ме испрати до дома, ми пружи рака за добра ноќ. Ја повикав мајка ми во еден часот после полноќ и и реков дека конечно запознав господин – рекла Џил.

Кога се запознале Џо бил самохран татко, а Џил му помогнала и да ја надмине трагедијата.

„Таа ми го врати животот“, напиша тој во 2007 година во своите мемоари „Ветувања за одржување“. Џил се разведувала од првиот сопруг кога го запознала Бајден, а неговите синови Хантер и Бо таа веднаш ги засакала.

Нова трагедија го снашла семејството во 2015 година кога Бо починал од рак на мозок, што ги натерало да ја покренат организацијата „Иницијатива на Бајден за борба против ракот“.

„Таа нè крена на нозе“, рекол Бајден во видеопораката во август на демократска конвенција, опишувајќи колку влијание има Џил врз семејство обележано со трагедија.

„Таа е исклучително силна и лојална“, рече тој.

Семејството Бајден во 1981 година ја добиле ќерката Ешли.

Џил дури пет пати го одбивала Џо пред да се согласи да се омажи за него.

– Јас реков: „Не. Сè уште не. Сè уште не“. Бидејќи во тоа време, јас ги засакав момчињата (синовите на Бајден), и морав да бидам сигурна дека бракот ќе трае  – рекла Џил. „Бидејќи тие штотуку ја изгубија својата мајка и јас не можев да ризикувам да изгубат уште една. Па морав да бидам 100 отсто сигурна – рекла Џил.

Џо рекол дека тој, всушност, ѝ поставил ултиматум.

– Гледај, ова е последен пат да те прашувам. Не ми е гајле кога ќе се венчаме. Но, сакам да се обврзаш – ѝ рекол тој, а таа рекла дека е во ред.

Се омажила за него во 1977 година на интимна церемонија со околу четириесет гости. По венчавката, тие отишле на меден месец со синовите.

Jill Bayden: O'qituvchi va erining himoyachisi - YouTube

FOTO: Jutjub

Jill Biden - Wikipedia

FOTO: Wikipedia

File:20090120 Jill and Joe Biden at Homestates Ball.JPG - Wikimedia Commons

Поврзани содржини