НОВАТА OPEL MOKKA ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА Атрактивниот SUV промовиран во зелената „Tropical Green“ боја

Моделот беше претставен во бензинска изведба со 1.2 литарски мотор со 136 коњски сили и „GS“ ниво на опременост, а почетната цена за „Edition“ верзијата изнесува 21.990 евра.

379

Новата Opel Mokka беше промовирана на македонскиот пазар во својот освежен дизајн и впечатливата зелена боја „Tropical Green“, во урбаната атмосфера на кафулето Bis Bar во Скопје.

Моделот беше претставен во бензинска изведба со 1.2 литарски мотор со 136 коњски сили и „GS“ ниво на опременост, а почетната цена за „Edition“ верзијата изнесува 21.990 евра. Компактна, современа и полна со стилски акценти – новата Opel Mokka пристигнува подготвена да го привлече вниманието на македонските возачи.






– Новата или редизајнираната Opel Mokka припаѓа на B-SUV сегментот и можам со задоволство да кажам дека е навистина една од највпечатливите возила во својата класа – изјави Драган Јовев, продукт менаџер за Opel во Еуроимпекс.

„Особено новите бои ја прават уште посмела и посамоуверена. Opel Mokka се осмелува да биде различна уште на прво видување“, додаде Јовев.

Моделот се нуди во три нови нијанси: сина „Kolibri“, сива „Graphik“ и заводливо зелената „Tropical Green“, креирани специјално за Mokka. Во комбинација со црниот покрив и моторниот капак во „Karbon“ нијанса, дизајнот добива спортски, но елегантен изглед.

Внатрешност: Детокс дизајн и напредна технологија

Новата Mokka се води по принципите на „детокс“ – минимализам и фокус на суштината. Централната конзола, обновена во мат сребрена боја, визуелно асоцира на модели од повисока класа. Сите ткаенини се од рециклирани материјали, а дизајнот на копчињата е преземен од новиот Opel Grandland.

Инфоразвојниот систем нуди 10-инчен дигитален дисплеј за возачот, екран на допир со напредна навигација и можност за гласовни команди со фразата „Хеј, Opel“. Системот го препознава личниот профил на возачот, а поврзувањето со паметен телефон е целосно безжично.

Мотор и верзии: Од бензин, преку хибрид до електричен погон

Mokka пристигнува со неколку опции на погон:

1.2 бензински мотор (136 КС)

Mokka Hybrid со 48V технологија

Mokka Electric со 156 КС електричен мотор и 403 км автономија (WLTP2)

Хибридната верзија овозможува електрично возење на ниски брзини, додека електричната верзија нуди управување без емисии и стабилност благодарение на нискиот центар на гравитација.

Поврзани содржини