Новата надеж на Британците се антитела-тестовите, ќе бидат евтини и достапни, дури и преку Амазон

За разлика од тестовите кои покажуваат дали некој во моментот е заразен со Ковид-19, антитела-тестовите покажуваат дали некој веќе имал коронавирус во своето тело.

3,040

Новата надеж на Британците во борбата против коронавирусот се вика антитела-тестови. Хафингтон Пост ги пренесува најновите информации во врска со овие тестови, за кои премиерот Борис Џонсон веќе најави дека ќе бидат купени во обем од „стотици илјади“.

Овие тестови се различни од тестовите за откривање што сега се користат ширум светот, кои откриваат дали луѓето во моментот се заразени со Ковид-19. Антитела-тестовите покажуваат дали некој веќе имал коронавирус во своето тело.






Значи, овие тестови, кои уште се нарекуваат и серолошки, откриваат дали некој во својата крв има антитела, кои неговиот имун систем веќе ги создал борејќи се со вирусот. Тоа исто така значи дека луѓето кои имаат вакви антитела имаат создадено некаква резистентност кон вирусот при повторен контакт со инфицирано лице.

Шерон Пикок, директорка на британската Национална служба за инфективни болести, објаснува дека веќе се нарачани 3,5 милиони вакви тестови, а почетокот на нивната примена е „прашање на денови“. Предноста на овие тестови е што ќе бидат достапни, евтини, а некои од нив ќе можат да се употребат и во домашни услови.

Мал број од новите тестови ќе бидат проверени во лабораторија и потоа ќе се дистрибуираат и преку Амазон.

Научниците се надеваат дека овие тестови ќе и помогнат на Велика Британија да премине од фаза на интензивна изолација во нешто што може да биде одржливо на подолг рок.

Поврзани содржини