Новата Мис Нов Зеланд е отфрлена од семејството, бидејќи го сменила полот ФОТО

1,584

Ариел Кил (26) е трансродова жена од Филипини, која влезе во историјата откако беше крунисана за Мис Интерконтинентал на Нов Зеланд. Таа е првата трансродна личност која учествувала на натпревар за убавина во Нов Зеланд.

– Конкуренцијата беше одлично искуство. Тоа е нешто што долго време го сакав и ова е исполнување на мојот сон – изјавилa Ариел за странските медиуми.






Кил е роденa во Давао Сити, Филипини, како момче Ендру. Таа се подложила на операција на половиот орган на почетокот на оваа година. Кил вели дека било пострашно за неа да открие дека е трансродна отколку да им кажува на луѓето дека е хомосексуалец.

– Веќе ги поминав формативните години од мојот живот како погрешен пол, не сакав да ги трошам дваесеттите години во погрешно тело – рекла Ариел, на која ѝ помогнал овој начин на размислување да признае сè пред своите родители.

Но, не било сè толку едноставно. Транзицијата започнала пред три години, а семејството првично ја избркала од домот затоа што не можеле да ја прифатат нејзината одлука. Кога дознале дека зема хормони, ѝ рекле да престане или да го напушти нивниот дом.

„Мојот живот се преврти наопаку, но повеќе сакам да поминувам низ пекол како жена отколку да имам лесен живот како маж“, рекла Кил, која своевремено спакувала сè што имала и излегла од дома без да знае што ќе се случува со неа.

Таа се борела со тешки напади на депресија, но ги надминала сите тешкотии. Денес, тврди, дека е среќна како жена. Ариел се подложила на операција за промена на полот во Тајланд, бидејќи во Нов Зеланд листата на чекање е долга. Платила 150.000 долари за операции кои вклучуваат импланти во градите и вагинопластика.

Нов Зеланд неодамна воведе серија упатства за наставните програми кои им овозможуваат на децата да изберат свој пол. Ова предизвика многу критики, но Ариел верува дека ова не е нешто за што треба да се грижиме.

– Тие не бараат од вас да го промените полот со нив, тоа нема да го промени вашето секојдневие. Ништо нема да изгубите ако сте љубезни и ги поддржувате другите – заклучи таа.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини