📽️ НОВАТА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-БУДИМПЕШТА Е ЗНАЧАЕН ЧЕКОР Можност за нов развој, соработка и врска со Европа

Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди, вели за новата директна авиолинија Скопје-Будимпешта премиерот Христијан Мицкоски кој е на политичко-економска посета во Унгарија.

406

„Повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот“.

Вака вели премиерот Христијан Мицкоски кој е во значајна политичко-економска посета на Унгарија. Со него е и вицепремиерот Александар Николоски.






„Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди“, додава Мицкоски.

Николоски на Фејсбук пишува дека Скопје – Будимпешта создава нова можност за патување, студирање, водење на бизнис и полесно поврзување со останатите европски и светски центри.

„Авиосообраќајот во Македонија веќе втора година бележи силен подем, а веќе од почетокот на годината бележиме нов раст на бројот на патници од 30%“, вели тој.

Николоски претходно потсети дека Владата од почетокот на своето работење воведе 24 нови авиолинии од аеродромите во Скопје и во Охрид.

Воедно, вчера започна и реконструкцијата на охридскиот аеродром  „Св. Апостол Павле“, инвестиција вредна 2,7 милиони евра.

Поврзани содржини