НОВАТА КОАЛИЦИЈА НА АЛБАНЦИТЕ ЌЕ НЕМА ЛИДЕР Меџити, Гаши и Касами заедно ќе ја предводат опозицијата

Крајно време е да се тргне навредливата формулација „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со албански јазик, рече Африм Гаши. 

409

„Европски сојуз за промени“, коалицијата на три албански политички субјекти која беше промовирана денеска, нема да има предводник на оваа коалиција, туку тие заедничка ќе ја водат албанската опозиција. Во коалицијата на опозицискиот албански фронт се Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива.

– Секој е лидер во својата политичка партија, а сојузот го водиме заедно, а имаше и апел дека вратата е широко отворена и за други лидери, за други организации и за секој интелектуалец кој сака да придонесе за  промени кај албанскиот кампус – истакна Изет Меџити од Демократско движење.

 






Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши информира дека врвен приоритет на нивната коалиција останува борбата против корупцијата и п.осочи дека го поддржуваат и патот на нашата земја кон евроинтеграциите.

Како што кажа тој, крајно време е да се тргне навредливата формулација „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со албански јазик.

Лидерот на движењето Беса, Биљал Касами, посочи дека желбата на Албанците за промена е толку голема што ги натера да ги заборават проблемите од минатото.

Тие на парламентарните избори ќе имаат заеднички листи и ќе имаат свој заеднички албански кандидат за претседател.

Поврзани содржини