НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА СРЕДНОШКОЛЦИ БРОИ ОКОЛУ 13.000 ДЕЦА Последен ден од првиот уписен рок

Министерството за образование и наука ги демантира написите во дел од медиумите, каде е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран. Не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13.200 апликации, додаваат од МОН.

213

Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година.

Апликации можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.






– Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Истовремено, реагираме и ги демантираме написите во дел од медиумите, каде е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран. Не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13.200 апликации, односно поголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавени за продолжување на образованието. Министерството им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба од поддршка при аплицирањето – велат од Министерството.

Конкурсот со слободни места е објавени на овој линк.

Поврзани содржини