НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО БРАНИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Мицкоски вели дека граѓаните очекуваат од партијата да обезбеди иднина за сите
Македонскиот народ, но и граѓаните во Македонија, сите останати, не само Македонци туку и Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и останати кои денес живеат во Македонија сакаат да знаат што понатаму во иднината и каков план има ВМРО-ДПМНЕ, како наследник на организацијата, за иднината и што се чекорите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе за таа иднина, изјави Мицкоски на панел-дискусијата по повод 129 години од формирање на Макеоднскиот револуционерен комитет.
„На новата генерација политичари во Македонија, новата генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е честа, обврска и привилегија да го брани најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ. И тоа можеби е голем предизвик, но јас сум убеден дека ние сите можеме да одговориме на тој предизвик, онака како што само знаееме и умееме – цврсто, храбро и мотивирано“.
Вака говореше Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот научен симпозиумпо по повод 129 години ВМРО, „Борба за Македонија која трае“, во организација на партијата.