Новата фризура на Никол Кидман го шокираше светот: Каде е косата? (ФОТО)

4,056

Холивудската актерка Никол Кидман (54)  со своите улоги со децении ја воодушевува публиката ширум светот, а многумина сметаат дека таа е мајстор за трансформации.

Сепак, изгледа дека кога ќе се спомене нејзиното име, веднаш замислуваме висока згодна дама, со светол тен и долга нескротлива коса.






Дали поради годините, улогите и желбата нешто да промени во својот живот, атрактивната Никол се одлучила за голема промена. Ѝ останала верна на бојата, но нејзината коса повеќе не е долга.

„На сет“, кратко напишала актерката и ја покажала новата фризура – краток боб.

Кратката коса на Никол Кидман сите ги шокираше, но ги остави и во недоумица дали ова е перика или се работи за нејзин нов имиџ.

„Што ти се случило со косата?“, „Каде се кадриците?“, „Нè плашиш, кажи дека не си ја скратила косата“, се само некои од коментарите од шокираните фанови.

Досега Никол не одговорила на прашањата, па навистина останува мистерија дали долгата коса на Кидман е минато.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини