НОВАТА ДЕВОЈКА НА ДИКАПРИО ИМА САМО 19 ГОДИНИ Ова веќе не е смешно, му порачаа на актерот (ФОТО)
Леонардо Дикаприо (48) неодамна беше „фатен“ во друштво на нова девојка. Парот заедно дошол на забавата на Ебони Рајли (32), која ги прославувала новите музички успеси.
Леонардо Дикаприо (48) неодамна беше „фатен“ во друштво на нова девојка. Парот заедно дошол на забавата на Ебони Рајли (32), која ги прославувала новите музички успеси.
Лео наводно е во врска со манекенка Еден Полани, која има само 19 години.
View this post on Instagram
Манекенката доаѓа од Израел, исто како и долгогодишната поранешна девојка на Лео, Бар Рафаели (37).
Не е познато како се запознале актерот и манекенката, но на забавата било очигледно дека има нешто меѓу нив.
Еден е исто така позната инфлуенсерка. На социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 200.000 луѓе.
Нејзините следбеници не се воодушевени што манекенката наводно е во врска со холивудскиот актер.
„Остави го“, „Зарем не ја знаеш неговата историја на љубовни врски? Ќе те остави кога ќе наполниш 25 години“, „Ау, па тој е премногу е стар за тебе“, се само дел од коментарите кои можат да се прочитаат под објавите на манекенката на Инстаграм.
View this post on Instagram
Дикаприо, кој има репутација дека никогаш немал девојка над 25 години, неодамна беше во врска со Викторија Ламас. Тие неодамна беа уловени од фотографите на јахта на луксузното летувалиште Сент Барт.
Инаку, Викторија е ќерка на актерот Лоренцо Ламас, а многумина беа изненадени што тој се забавува со неа, бидејќи претходно се шпекулираше дека со месеци е во врска со манекенката Џиџи Хадид (29).
ФОТО: Инстаграм