Холивудскиот заводник Бред Пит (56) е во врска со германската манекенка Никол Потуралски (27), која, како што пишуваат странските медиуми, е во брак.
Приватниот живот на популарниот актер отсекогаш бил под лупа на јавноста, а светските медиуми пишуваат за нови интересни детали за оваа врска.
Германката Никол Потуралски веќе неколку дена е тема број еден на сите светски таблоиди, а на медиумите им беа потребни само неколку дена за да дознаат мошне интригантни детали за животот на убавата манекенка.
Пред неколку дена, Бред и Никол беа видени како се прегрнуваат чекајќи да се качат во приватниот авион. На почетокот сите мислеле дека станува збор за слободна, млада и привлечна жена која неодоливо потсетува на Ирина Шајк.
Се испоставило, како што пишува „Дејли мејл“ дека Никол е во брак со 68-годишниот богаташ и угостител Роланд Мари. Медиумите тврдат дека Бред и Никол се запознале токму во ресторанот на нејзиниот сопруг и дека тој веднаш се вљубил во оваа убавица.
Никол и Роланд го имаат синот Емил (7), а Мари не сакал да ја коментира врската меѓу својата сопруга и актерот.
– Не го интересира негативност, ниту љубомора. Тие сè уште се во брак, а таа врска може да се опише како отворен брак – изјавила пријателка на манекенката Никол Потуралски.
ФОТО: Инстаграм