Манекенката Никол Потуралски (27) одеднаш стана планетарно популарна откако беше објавено дека таа е новата девојка на холивудскиот актер Бред Пит, а со неа, и нејзиниот профил на Инстаграм е особено под лупа на јавноста, па нејзините следбеници внимаваат на секој детаљ од нејзините објави.
Убавицата од Германија, позирала во бело кожeнo палто, под кое не носела градник, а за само неколку часа собра над 10.000 лајкови и бројни пофалби за својот изглед.
Откако во јавноста протече веста дека Бред и Никол се пар веќе некое време, откриено е и како се запознале. Пит, наводно, ја забележал пред една година, во еден ресторан во Берлин, кој е во сопственост на нејзиниот сопруг Роланд Мери. Манекенката се уште е во брак со 68-годишниот Роланд, со кого има и син, но тој не ја коментираше нејзината врска со актерот, за која знае сè.
– Тие сѐ уште се во брак, а таа врска може да се опише како отворен брак – изјави извор близок на моделот.
Се претпоставува дека Никол и Бред го поминале летниот одмор на југот на Франција, каде престојувале на неговиот имот Шато Миравал, кој тој и Анџелина го купија заедно во 2011 година за 67 милиони долари, и токму таму се венчаа во 2014 година.
FOTO: Instagram