Вршителката на должноста косовски претседател Вјоса Османи денеска ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на земјава во Косово, Шпреса Јусуфи.
Во соопштението по средбата се наведува дека Османи оценила оти „соработката меѓу двете држави се заснова на географската блискост и човечките меѓусоседски врски“.
Според неа, регионалната стабилност и интегративните процеси се значајни фактори за регионалниот мир, како и за евроатлантскиот процес.
Османи и амбасадорката Јусуфи, се вели во соопштението, „се согласија дека соработката меѓу Косово и Северна Македонија е одлична и се тежнее кон нејзино натамошно продлабочување