НОВАК СЛАВЕШЕ ВО ТОРИНО Србинот го освои завршниот Мастерс и го надмина Федерер (ВИДЕО)
Со одличниот настап на завршниот Мастерс, српскиот тенисер обезбеди скок на АТП листата.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на АТП финалето, завршниот турнир на осумте најдобри светски играчи, кој годинава се играше во Торино, по шести пат во неговата кариера.
Тој во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 7:5, 6:3. За Ѓоковиќ ова е прва Мастерс титула по 2015 година. Со овој триумф се израмни со одличниот Швајцарец Роџер Федерер на првото место по бројот на титули на овој престижен турнир.
Вкупно ова е 91. освоен турнир на Ѓоковиќ во кариерата до кој стигна во 130. финале. Исто така, 35-годишниот Ѓоковиќ стана веројатно најстариот победник во 52-годишната историја на Мастерсот. Претходниот рекордер беше на Федерер, кој последната титула ја освои во 2011 година на 30 години.
Еден брејк во секој сет беше доволен за победа на Ѓоковиќ. Првиот го постигна во последниот гем од првиот сет, а вториот сет со резултат 2:1. Во исто време, тој не му понуди на Руд ниту една можност да му го одземе сервисот.
Со одличниот настап на завршниот Мастерс, српскиот тенисер обезбеди скок на АТП листата.
Su ranking dirá otra cosa pero, hoy por hoy, nadie juega al tenis como Novak Djokovic.pic.twitter.com/h798J5OefG
— Set Tenis (@settenisok) November 20, 2022