НОВАК СЕ ПОДНОВИ СО ВИЛА ВО ЦРНА ГОРА Новата луксузна куќа на семејството Ѓоковиќ вреди 1,3 милиони евра
Вилата на Ѓоковиќ е слична на другите во луксузното одморалиште Љута, а се наоѓа на брегот на морето и има приватна плажа.
Новак Ѓоковиќ купил вила со приватна плажа во луксузната населба Љута во Бока Которска, дознава Блиц. Српскиот тенисер купил имот во близина на вилата на неговиот пријател Југослав Кариќ, кој му помогнал во изборот семејната летна резиденција.
Како што пишуваат српските медиуми, вилата е во одлична состојба, но Новак и Јелена сакале да ја уредат по свои стандарди и имале некои посебни барања и во тек се работите околу уредувањето на објектот.
Вилата на Ѓоковиќ е слична на другите во луксузното одморалиште Љута, а се наоѓа на брегот на морето и има приватна плажа.
“Тоа е огромен имот со куќа која има излез на море. Секој овде има своја приватна плажа“ – потврдил изворот за Блиц.
Не се знае точно колку платил Новак Ѓоковиќ за имотот на црногорското приморје, но слична вила на неговиот пријател Југослав Кариќ вреди 1,3 милиони евра.