📽️ НОВАК СЕ МАСКИРАШЕ ВО РИБАР И ИГРАШЕ ТЕНИС НА УЛИЦА! Кога ја симна маската, децата не можеа да поверуваат што гледаат

Ноле вака маскиран се прошета низ улиците на приморскиот град во Црна Гора, а кога реши да ја симне капата, лажната брада и рибарската јакна, сите присутни веднаш се воодушевија.

1,304

Најдобриот тенисер на сите времиња е, без никакво сомневање, српскиот ас Новак Ѓоковиќ, но и таквиот успех не го претвори Ноле во некој многу важен тип, туку „ГОАТ“ на „белиот спорт“ од ден на ден покажува каков човек тој е.

Така сега на социјалните мрежи се појави видео на кое можете да видите како Србинот во Тиват игра тенис со деца на улица.






Сепак, во почетокот никој не знаеше дека тоа е најдобриот тенисер во историјата, бидејќи Новак Ѓоковиќ се преправи во рибар и беше целосно непрепознатлив.

 

Ноле вака маскиран се прошета низ улиците на приморскиот град во Црна Гора, а кога реши да ја симне капата, лажната брада и рибарската јакна, сите присутни веднаш се воодушевија.

Оваа изведба многумина ги потсети на легендарната серија „Вујко Дру“, во која американскиот кошаркар Кајри Ирвинг глумеше старец, а потоа доминираше во уличната кошарка против ривалите кои не им веруваа на своите очи.

Ова видео е старо неколку дена, бидејќи Ноле е веќе во Њујорк, каде во понеделник на УС Опен започнува неговата потрага по 25. Грен слем титула. Прв противник на Ѓоковиќ во „Големото јаболко“ ќе му биде Раду Албот од Молдавија.

Поврзани содржини