НОВАК ЃОКОВИЌ ОБВИНЕТ ЗА ИЗМАМА ПРЕД НАСТАПОТ НА РОЛАН ГАРОС „Тој е мајстор за тие работи“
Она што не е познато е дали тој е навистина повреден или сето тоа е дел од стратегијата за измама на неговите ривали. А Ноле е експерт за тоа“ - напиша шпанскиот новинар Хуан Валауре во најавата пред парискиот грен-слем.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за настапот на Ролан Гарос. Парискиот грен-слем турнир треба да донесе пресврт во сезоната во која Србинот сè уште нема освоено ниедна титула. Шпанскиот новинар Хуан Валауре во својата колумна на сајтот „Ел дебата“ ги претстави фаворитите на Ролан Гарос, а за првиот светски рекет даде инетересна квалификација дека „знае добро да ги измами своите ривали“.
„Тука е Новак Ѓоковиќ. Србинот има многу лоша сезона и сè уште не успеал да се пласира во финале, што е невообичаено за белградскиот тенисер. Она што не е познато е дали тој е навистина повреден или сето тоа е дел од стратегијата за измама на неговите ривали. А Ноле е експерт за тоа“ – напиша шпанскиот новинар.
Ѓоковиќ во оваа исклучително лоша сезона, на Австралија опен во полуфиналето беше поразен од Јаник Синер. Потоа на Мастерсот во Индијан Велс загуби од Лука Нарди во третото коло, а на Мастерсот во Монте Карло во полуфиналето беше поразен од Каспер Руд. Последно, на Мастерсот во Рим во третото коло беше поразен од Алехандро Табило.
Помеѓу Индијан Велс и Монте Карло, тој се повлече од Мастерсот во Мајами.
Ѓоковиќ неделава во подготовка пред настапот во Париз, игра на турнир од категоријата 250 во Женева.
Грен-слем турнирот на Ролан Гарос започнува на 26 мај.