📽 📷 НОВАК ЃОКОВИЌ ДОБИ ЛАУРЕУС ВО МАДРИД Јелена блесна во елегантно издание
Новак Ѓоковиќ ја освои престижната награда за најдобар спортист во светот во 2023 година, на свечената церемонија во Мадрид го придружуваше сопругата Јелена.
Новак Ѓоковиќ на доделувањето на спортските награди Лауреус во Мадрид се појави во придружба на својата сопруга Јелена. Двојката привлече внимание со своето усогласено елегантно издание во црно. Новак беше облечен во црн костум со машна, а Јелена во елегантен црн фустан кој ги откриваше нејзините рамена. Фустанот е дизајниран од српската дизајнерка Драгана Огњеновиќ, а цената е 500 евра.
Feeling the 🎾💛 at the Laureus World Sports Awards
Novak Djokovic ✨#Laureus24 pic.twitter.com/7fAzsBiYV4
— Laureus (@LaureusSport) April 22, 2024
„Изгледаат како филмски ѕвезди“, коментираа корисниците на социјалните мрежи кога се појавија првите фотографии и видеа.
На свеченото доделување на Новак му беше доделена титулата најдобар спортист во светот во 2023 година, а додека ја примаше наградата и го држеше својот говор, Јелена го снимаше со мобилниот телефон.
Novak & Jelena Djokovic at the Laureus Sport Awards pic.twitter.com/HYdM4PtB7Y
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) April 22, 2024
Инаку, Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четири Грен слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на Вимблдон. Наградата за тим на годината ја доби шпанската женска фудбалска репрезентација.