НОВАК ЃОКОВИЌ БИЛ НА РОДЕНДЕНОТ НА ЕВА ЛОНГОРИЈА Актерката славеше јубилеј

Холивудската актерка Ева Лонгорија го прослави својот 50-ти роденден. Прославата траеше два дена, во петокот и саботата, а Ева сподели фотографии од забавата на Инстаграм.

1,393

Холивудската актерка Ева Лонгорија го прослави својот 50-ти роденден. Прославата траеше два дена, во петокот и саботата, а Ева сподели фотографии од забавата на Инстаграм.

Актерката се забавувала со семејството и пријателите. Многу познати личности присуствуваа на нејзините две роденденски забави, меѓу кои Викторија Бекам, Беки Г, Габриел Јунион, Леле Понс, Марк Ентони и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.






Новак на прославата очигледно бил без сопругата. Ева објави видео на кое позира со пријателите. Новак стоел до Џесика Алба, а во видеото се појавуваат и бизнисменот Дејвид Грутман и неговата сопруга Изабела, Марк Ентони со сопругата, парагвајскиот модел Надија Фереира и Беки Г.

„Луѓе, ве сакам“, напиша Лонгорија во описот на видеото.

Таа претходно објави компилација од снимката од прославата во петокот.

Ева на својот роденден објави разголени фотографии на Инстаграм.

„Ова е 50“, напиша таа, а подолу почнаа да се нижат комплименти.

„50 никогаш не изгледало подобро“, „Среќен роденден кралица“, „Сè уште си најубавата личност на светот, однатре и однадвор“, „Прекрасна како и секогаш“, се дел од коментарите.

Поврзани содржини