📷 НОВАК ЃОКОВИЌ ЈА ВООДУШЕВИ И ШЕРОН СТОУН Актерката ја сподели неговата најемотивна фотографија и му упати силни зборови

Шерон Стоун во неделата беше забележана на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, а многумина се прашуваа за кого навива. Веројатно и Шерон била фасцинирана од тоа што го постигна Ѓоковиќ и како играше на теренот, па својот восхит го изрази со тоа што му честиташе на својот инстаграм-профил.

1,755

Многу познати личности беа видени на финалниот тениски натпревар на Олимписките игри во Париз во кој српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал. Меѓу другото, натпреварот го следеше и холивудската актерка Шерон Стоун.

Шерон Стоун во неделата беше забележана на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, а многумина се прашуваа за кого навива. Веројатно и Шерон била фасцинирана од тоа што го постигна Ѓоковиќ и како играше на теренот, па својот восхит го изрази со тоа што му честиташе на својот инстаграм-профил.






Доволна беше само една фотографија.

„Натпревар на животот“, беше сè што напиша Шерон Стоун, алудирајќи дека всушност Новак ја постигнал највисоката цел како човек.

Тенисерот ја има целосната поддршка од семејството. Поддршката на неговото семејство е неговиот голем ветер во грбот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Поврзани содржини