НОВАК НИКОГАШ НЕМА ДА ИМ БИДЕ ДРАГ Поранешен тенисер објасни зошто публиката е толку злобна
„Имам чувство дека луѓето не го сакаат Ѓоковиќ затоа што ги победува нивните омилени тенисери“, изјави поранешниот американски играч Марди Фиш.
Додека публиката отворено „го мрази“, првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ моментално се обидува да стигне до рекордната 21-ва грен слем титула на Ју-ес Опен, пишува Блиц. И се чини дека успева во тоа. Му недостасуваат само три победи откако стигна до четвртфиналето, победувајќи го Џенсон Бруксби. Тогаш, зошто таа омраза? Поранешниот американски тенисер Фиш имаше интересна изјава за тоа:
– Луѓето ги сакаат Роџер и Рафаел, така што Новак никогаш нема да може да им биде драг – рече Американецот и додаде дека Ѓоковиќ, за разлика од Федерер и Надал, кариерата ќе ја заврши со најмалку 23 грен слем титули.
Сите тројца, Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал имаат по 20 пехари од најголемите натпреварувања, а Србинот сега има можност да се издвои од големата тројка.
Но, од тројцата, Ѓоковиќ има најмалку фанови.
– Имам чувство дека луѓето не го сакаат Ѓоковиќ затоа што ги победува нивните омилени тенисери – изјави поранешниот американски играч Марди Фиш.
Инаку, Марди Фиш е американски тенисер кој ја заврши кариерата во 2015 година. Тој беше седми во светот пред десет години и го освои олимпиското сребро на Игрите во 2004. Во кариерата одигра осум пати против Ѓоковиќ и загуби сите осум пати. Федерер и Надал победија еднаш во девет натпревари.
А сега видете како Јелена Ѓоковиќ му порача на Џон Мекинроу „дека го слуша“ седејќи во публиката.
View this post on Instagram