НОВАК, НЕ БРЗАЈ! Славниот Шпанец го посоветува Ѓоковиќ 

Иако се чини дека оваа повреда е лесна за лекување, тоа не е баш така. Пример е Федерер кој имаше слична повреда, тоа го собори - вели поранешниот шпански тенисер Николас Алмаго, поучен и од сопственото искуство со повреда на менискус.

779

Поранешен шпански тенисер, Николас Алмаго се сомнева дека Новак Ѓоковиќ ќе се опорави од повредата на коленото.
Алмагро, кој своевремено беше деветти тенисер во светот, и самиот имаше слични искуства со повредата.

Тој во својата колумна за „Релево“ вели дека Федерер бил опериран и во 2021 година, по што никогаш не се вратил на теренот.






„Во слична ситуација го скинав менискусот. Требаше да играм бекхенд против Дел Потро и само почувствував блокада. Потезите што ги правев беа многу слични на оние на Ѓоковиќ. Отпрвин не чувствував ништо, но кога стапнав назад, почувствував нестабилност и не можев да продолжам. Не би рекол дека се повлеков од тенисот поради повреда, туку поради оваа повреда!“ – вели Алмагро.

Шпанецот се сомнева дека Ѓоковиќ ќе може да заигра на Вимблдон иако некои од лекарите изразија мислење дека тоа е можно. Според Алмаго, во прашање е и настапот на српскиот тенисер на Олимписките игри во Париз.

„Кога го видов Ѓоковиќ, ми беше јасно дека тоа е менискус. Мислам дека нема да биде на Вимблдон, ќе видиме што ќе прави за Олимписките игри, дали ќе учествува. Не треба да брза, бидејќи иако се чини дека оваа повреда е лесна за лекување, тоа не е баш така. Пример е Федерер кој имаше слична повреда, тоа го собори. Тој имаше операција на коленото и заврши во пензија. Изгледа едноставно, но треба да се внимава работите да не се искомплицираат“ – заклучи Алмагро.

Поврзани содржини