НОВА ЖРТВА ВО ДУБАИ Парче од ракета падналo врз автомобил, возачот загинал

0

Жител на Дубаи од азиско потекло загинал откако остатоци настанати при воздушно пресретнување паднале врз неговиот автомобил, соопшти Градската канцеларија за медиуми.

Инцидентот се случил во градската населба Ал Барша.






Оваа вест доаѓа откако Обединетите Арапски Емирати претходно објавија дека одговараат на закани во форма на ракети и дронови кои доаѓаат од Иран.

Зградите во близина на Dubai Marina биле евакуирани откако остатоци од пресретната ракета ја оштетиле фасадата на една висока зграда.

Меѓу евакуираните имало и новинарска екипа на Си-Ен-Ен.

Dubai Marina се наоѓа во близина на многу туристички атракции и институции во градот, вклучувајќи го Американскиот универзитет во Дубаи и трговскиот центар Dubai Marina Mall.

Ова е четврта жртва во Обединетите Арапски Емирати од почетокот на конфликтот во Иран. Властите навеле дека сите жртви се странски државјани.

Поврзани содржини