Нова жртва од Ковид-19 во Албанија, вкупно 12

Пациентката Л.М. (82) пред пет дена беше хоспитализирана во Инфективната клиника во Тирана, а состојбата пред два дена и се влоши, па и покрај напорите на лекарите не успеа да преживее.

158

Албанското Министерство за здравство и социјална заштита доцна синоќа соопшти дека од „Ковид-19“ починала 82-годишна жена од Тирана, со што бројот на починати од овој опасен врус се зголеми на 12 лица.

– Пациентката Л.М. (82) пред пет дена беше хоспитализирана во Инфективната клиника во Тирана, а состојбата пред два дена и се влоши, па и покрај напорите на лекарите не успеа да преживее.Таа боледуваше и од бронхијална астма, хипетензија и подагра (ревматисмална болест) – стои во соопштението на министерството.






Министерството за здравство и социјална заштита изразува длабоко сочувство до семејството на починатата и апелира граѓаните ригорозно да ги почитуваат мерките за социјална дистанца и изолација, бидејќи „тие се одлучувачки во спречувањето на ширењето на Ковид-19“.

Со вчера соопштените официјални податоци, во земјата има вкупно 223 заразени со Ковид-19, од нив 12 починати, а 44 излекувани. Во Инфективната клиника се над 70 пациенти, од нив седум се на интензивна нега, од кои неколку интубирани.

Поврзани содржини