НОВА ЖЕСТОКА ПРЕСМЕТКА МЕЃУ „КРАЛЕВИТЕ“ И ГРАЃАНИТЕ“ Еден од гигантите нема да се пласира во следната фаза од ЛШ

Клучните прашања пред ова дерби се: може ли Гвардиола да пронајде тактички одговор за Анчелоти? Дали Ерлинг Халанд ќе го добие својот дуел со Килијан Мбапе? Одговорите ќе ги добиеме наскоро.

285

Лигата на шампионите влегува во својата нокаут-фаза, а веќе на стартот, фудбалската јавност ќе биде сведок на судир кој може да се нарече „финале пред финалето“. Манчестер Сити и Реал Мадрид, двата последни освојувачи на титулата, неочекувано се најдоа во баражот за осминафинале, што значи дека еден од големите фаворити ќе го напушти натпреварувањето порано од планираното.

Класик на модерниот фудбал






Ова ќе биде четврти судир меѓу Сити и Реал во последните пет сезони, што го прави нивното ривалство едно од највозбудливите во последната деценија. Актуелниот европски шампион Сити не игра на нивото од претходните сезони, а формата на тимот на Пеп Гвардиола пред овој клучен двомеч е далеку од идеална.

Поразите од ПСЖ (4:2) и Арсенал (5:1) во Премиер лигата ги разбудија сомнежите во способноста на „граѓаните“ да ја одбранат титулата. Додека Сити се мачи, Реал Мадрид, иако со осцилации, продолжува да победува. По тешкиот пораз во Ел Класико од Барселона (5:2), тимот на Карло Анчелоти влезе во нова серија победи, но последните три натпревари покажаа дека и „кралевите“ се ранливи.

Клучните прашања пред ова дерби се: може ли Гвардиола да пронајде тактички одговор за Анчелоти? Дали Ерлинг Халанд ќе го добие својот дуел со Килијан Мбапе? Одговорите ќе ги добиеме наскоро.

Програмата во Лигата на шампионите

Покрај дербито во Манчестер, Лигата на шампионите нуди уште неколку интересни дуели. Брест ќе се обиде да приреди чудо против моќниот ПСЖ, но реалноста е дека францускиот првак е апсолутен фаворит.

Во Лисабон, Спортинг го пречекува Борусија Дортмунд. По заминувањето на тренерот Рубен Аморим, Спортинг не е истиот тим – има победи, но и порази кои покажуваат дека нема континуитет. Дортмунд, од друга страна, е во голема криза, се наоѓа на 12. место во Бундеслигата и неодамна го смени тренерот.

Во Торино, Јувентус ќе се соочи со ПСВ Ајндховен. „Старата дама“ под водство на Тијаго Мота се мачи со посилните противници, но ова е идеална шанса да покаже дека може да се носи со најдобрите.

Двојки од плејофот во ЛШ:

Брест – ПСЖ – 18:45 часот

Манчестер Сити – Реал Мадрид – 21:00 часот

Јувентус – ПСВ Ајндховен – 21:00 часот

Спортинг Лисабон – Борусија Дортмунд – 21:00 часот.

Поврзани содржини