НОВА ЗГРАДА ЗА ГИМНАЗИЈАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Ќе се пробие „Шарпланинска“, ќе се изгради кружен тек на „Македонска војска“, најави Ѓорѓиевски

Нема да дозволам вашето Ѓорче Петров да тоне во ѓубре, мојата прва акција како градоначалник ќе биде масовна акција во која што за 72 часа ќе си го исчистиме нашиот главен град, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје на денешниот народен митинг во Ѓорче Петров.

350

Во Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи како никогаш до сега. Ви благодарам однапред за вашата поддршка, за вашата посветеност Скопје да го направиме град што повторно ќе биде нашата гордост, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје на денешниот народен митинг во Ѓорче Петров.

– Ѓорче Петров да продолжи успешно да се развива како и до сега со Александар, но од после изборите и градот Скопје да заличи на едно убаво и пристојно место за живеење, за сите нас скопјани. По изборите секој еден од вас, кој сега е мојот глас до граѓаните, ќе оди гордо по ѓорчевските улици – рече Ѓорѓиевски.






Скопје нема повеќе време за изговори, Скопје повеќе нема време за експерименти, ддодаде тој.

– На Скопје му треба докажана работа. На Скопје ќе треба да го дадеме својот максимум, со љубов и да гледаме на предизвиците како решенија на перспектива – кажа Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски им порача на опонентите дека Скопје нема време за втори шанси.

– Сакам само кратко да им порачам на нашите опоненти, јасно и гласно. Скопје нема време за театар, нема време за неуспешни обиди и нема време за втори шанси – истакна Ѓорѓиевски.

Тој претстави дел од проектите, кои ќе ги реализира како иден градоначалник на Скопје и кои ќе го променат животот на скопјани.

– Нема да дозволам, вашето Ѓорче Петров да тоне во ѓубре. Тоа повеќе нема да биде случај како што имаме проблем во моментов. Нашето Скопје, но и Ѓорче Петров мора да бидат чисти. Мојата прва акција како градоначалник на главниот град ќе биде генералка на главниот град. Масовна акција во која што за 72 часа ќе си го исчистиме нашиот главен град. Веднаш потоа ќе следува 4 годишната програма,  со која моменталните диви депонии ќе станат минато. Сакам да најавам и за новиот резервоар за слаб притисок на водоводот во Ѓорче Петров. Во Ѓорче Петров, каде граѓаните со години се соочуваат со слаб притисок и со несигурност со водоснабдувањето ќе изградиме нов резервоар и пумпна станица на Оризарски Рид. Ќе обезбедиме стабилен притисок и сигурна вода која што ќе им служи на генерациите после нас – рече тој.

Ѓорѓиевски посочи дека не бега од проблемите, туку има решенија за истите.

– Оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град. Битка за иднината на нашите деца да растат во метропола со европски вредности, но со македонски печат пред сè – рече Ѓорѓиевски.

Тој ги најави следните проекти за Ѓорче Петров:
– Пробивање на улицата Шарпланинска – нова сообраќајна артерија за полесен проток кон Волково, Ново Село, Орман, Кисела Јабука, Никиштани и Кучково.
– Нов објект за СУГС „Кочо Рацин“ – современа гимназија по европски стандарди со модерни училници, лаборатории и спортски капацитети.
– Нов кружен тек меѓу улиците Ѓорче Петров и Македонска војска за крај на метежот и поголема безбедност.
– Реконструкција на улица 101 во Волково со безбедни тротоари и нова инфраструктура.
– Изградба на улиците Веле Марков и ,Шарпланинска и поврзување на „Лука Геров“ со патот за Економија, за подобра мобилност и помал метеж.

Поврзани содржини