Нова заштитна маска против ковид-19, безбедна 100 отсто

Оваа маска е безбедна сто проценти и за разлика од обичната има вграден еден систем со два издувни канали и еден издувник кој има менливи делови кои се стерилни и дневно може да се сменат повеќе пати

2,590

Нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба за заштита од вирусот ковид-19, која е безбедна сто отсто, презентираше денеска на прес-конференција претседателот на Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАИМ), Мирко Узелац.

Станува збор за иновација на НАИМ, а презентацијата на иновацијата е со поддршка од Министерството за здравство.






Тој посочи дека овој нов вид заштитна маска по многу нешта се разликува од сите маски кои досега се користат и изрази надеж дека таа ќе најде примена на пошироко ниво не само на територијата на државата.

– Оваа маска е безбедна сто проценти и за разлика од обичната има вграден еден систем со два издувни канали и еден издувник кој има менливи делови кои се стерилни и дневно може да се сменат повеќе пати. Се монтираат многу лесно. Воздухот низ нос се вдишува, а се издишува преку два канали во долните џебови. Може да има и еден џеб. Ова е најобично црево кое ќе става на маската кое ќе се стерилизира и може такви стерилни парчиња да имате во кесичка во џеб и да ги менувате – рече Узелац.

За хирургија, за медицина, појасни, се предвидени поспецифични маски. Нагласи дека ќе се води сметка маската да може да се носи цел ден.

– Со обичната заштитна се издувува воздухот меѓу маската и лицето и повторно тој воздух се вдишува и проблемот кој таа го создава е што луѓето кои ја носат многу брзо се заморуваат и умствено и физички. Досега не сме виделе дека во светот постои слична маска. Ова е сега патентирано пред 10 до 15 дена во државава. Според првите истражувања таа може да најде широка примена и после ковид-19 таа може да се користи и натаму во хирургија, фармација… – потенцира Узелац.

Посочи дека ова е нивен долг како Национална асоцијација кон Светската федерација на асоцијации на иноватори.

– На почетокот на април имаше повик од претседателот на Светската федерација на асоцијации на иноватори сите сојузи да дадат свој придонес за ковид-19. Оваа маска не е само за ковид-19, туку во иднина ќе најде поширока примена и може да се користи во хирургија, во сите здравствени устанви, во фармацевтската индустрија, во многу други видови индустрија, каде таа е задолжителна. Овој проблем со ковид-19 мислевме ќе трае месец, два три, но како што гледаме станува полошо и ќе трае подолго и оваа маска има голема иднина, барем така се надеваме – рече Узелац.

Нагласи дека кога маската ќе се стави во производство тогаш има друга постапка, каде сите нејзини делови се ревидираат, се прави ревизија на материјали кои се користат, и таа мора да биде лесна. Според него, тоа е процес кој може брзо да се спроведе доколку се најде производител и сите кои произведуваат заштитни маски може да се вклучат во нејзино производство, само што ќе треба да ги додадат двата издувни канали со еден разводник.

– Не се очекува маската да биде многу поскапа. Ќе биде можеби од 10 до 15 денари поскапа од вообичаените маски. Оваа маска е многу побезбедна од маските кои имаат вентили странично или напред. Водена е сметка издувникот се прави од достапни материјали и со маската ќе одат десет, дваесет вакви парчиња. Ќе можат и домашни и странски фирми да ја произведуваат. Тоа ќе биде објавено во странски портали – додаде Узелац.

Поврзани содржини