Нова заштита од коронавирусот, назална верзија на Спутник V
Тој препарат нема да ја замени вакцинацијата, но може да биде добра дополнителна форма за заштита.
Руските научници создале назална верзија на Спутник V , како доплнителна форма за заштита од коронавирусот, а градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин најавил дека сите три фази од клиничкото испитување на овој препарат ќе бидат спроведени во Москва.
– Испитуваме и нови начини за заштита од коронавирусот. Научниците развиле назална верзија на Спутник V, при чија примена имунитетот се формира во зоната на носната шуплина. Тој препарат нема да ја замени вакцинацијата, но може да биде добра дополнителна форма за заштита. Сите три фази од клиничкото испитување планираме да ги спроведеме во Москва – вели градоначалникот.
Тој претходно соопштил дека почнуваат со меѓународни клинички испитувања на вакцината Спутник лајт.