Вистинска драма се случувала на Клиниката за детски болести за спасување на животот на десетмесечното бебе, за кое се утврдило дека има тумор во мозокот, компликација за која лекарите сметаат дека е од ковид-19, со кој било зазаразено бебето и неговата баба која го чувала, пишува порталот Нова ТВ.
Бебето, како што пишуа Нова, кое е швајцарски државјанин со специјален авион е префрлено во болница во Цирих, за што бил отворен скопскиот аеродром.
„Детсетмесечното бебе беше донесено во неделата попладне во тешка состојба, со грчеви и покачена температура. Нашите итни анализи покажаа дека се работи за тумор на мозокот. На Клиниката остана 24 часа. Во текот на престојот добиен е и позитивен резултат за ковид-19 кај детето и бабата, која се грижи за детето“, вели за Нова д-р. Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести.