НОВА ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Малолетник бил нападнат од осум лица

Според пријавата, малолетникот од порано познавал двајца од напаѓачите.

855

Ноќеска во 02.30 часот во СВР Скопје, Т.Н.(42) од Скопје пријавила дека околу 00.20 часот на булевар Св.Климент Охридски во центарот на главниот град, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од осум лица.

Според пријавата, малолетникот од порано познавал двајца од напаѓачите.






„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Деновиве зачестија тепачките во главниот град. Првата голема тепачка се случи пред неколку дена во автобус на ЈСП, додека, пак, синоќа, женска тепачка помеѓу малолетнички се случила во Дебар Маало.

Поврзани содржини