📽 НОВА ТЕПАЧКА ВО АВТОБУС НА ЈСП Инцидентот бил поттикнат од политичките тензии
Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки, реагираат од ЈСП.
Од ЈСП информираат дека вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии.
Претходно на социјалните мрежи се појави видео од уште еден инцидент во автобус на ЈСП. На вознемирувачкото видео се гледа како повеќа лица удираат патник во градски автобус.Од описот на видеото се вели дека настанот се случил во преполн автобус на 57-ца во скопската населба Радишани.
⚠️🇦🇱Македонски деца нападнати во 57-ца, Радишани
Предизборни зачестија провокациите. Деновиве во повеќе наврати се напаѓаат Македонци, најчесто со нож. pic.twitter.com/ovjCHQBi2V
— Патриотско Друштво (@Patrioticlub) February 11, 2024