НОВА СТУДИЈА ЗА НЕСАКАНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ФАЈЗЕР И МОДЕРНА До три пати е помала смртноста ако сте се боцнале

Примателите на вакцини одобрени во САД, но и во Европа – Фајзер Комирнати, Модерна Спајквакс и Џонсон&Џонсон се покажало дека имаат и до три пати помал ризик од смртност отколку невакцинираните пациенти.

3,298

Вакцинираните луѓе немаат поголем ризик од смртност од причини кои не се поврзани со ковид-19, на пример од срцев или од мозочен удар, открива студија направена на 11 милиони луѓе во САД. Луѓето кои примиле вакцина од Фајзер, Модерна или Џонсон&Џонсон, всушност, имале пониска стапка на смртност од невакцинираните споредени по пол, раса, народност и други карактеристики, пишува Индекс.

Авторите на студијата направена од Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) посочуваат дека неколку случаи на смрт по вакцинацијата, сепак биле пријавени. Ваквите настани може да се резултат на вакцинација, но не мора да значи, бидејќи се очекува некои луѓе да умрат од различни причини во секое време во текот на неколку недели од годината, дури и неколку недели по примањето на вакцината.






Многу е битно кои луѓе и како ги споредуваме

Научниците внимателно ги избирале луѓето. Тоа требало да бидат невакцинирани лица кои ќе останат негативни и месец дена од почетокот на студијата, што значи во текот на истражувањето, а нивните резултати ги споредувале со вакцинираните. Но, поставиле уште еден услов за невакцинираните. Тие требало да бидат луѓе кои сепак редовно одат на лекар и имаат примено вакцина против грип. Со ова се избегнува можноста причина за нивната смртност да биде немањето на здравствена нега и неодењето на лекар.

По седум месеци, белешките од истражувањето биле зачувани во VSD, проект за соработка помеѓу Канцеларијата за безбедност на вакцинација на ЦДЦ и девет здравствени организации. Овој фонд неговата улога е да собира електронски здравствени податоци, вклучително и информации за вакцините.

фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Три пати помал е ризикот од смрт ако се вакцинирате

За да се спореди смртноста во двете групи, тимот анализирал податоци од 6,4 милиони вакцинирани и 4,6 милиони демографски слични невакцинирани луѓе. Примателите на вакцини одобрени во САД, но и во Европа – Фајзер Комирнати, Модерна Спајквакс и Џонсон&Џонсон се покажало дека имаат и до три пати помал ризик од смртност отколку невакцинираните пациенти.

По исклучувањето на смртните случаи поврзани со ковид-19, стандардизираната стапка на смртност (SMR) по првата доза била 0,42 за Фајзер и 0,37 за Модерна и 0,35 и 0,34 по втората доза. Овие стапки биле пониски од стапката 1,11 кај невакцинираните. Меѓу примателите на вакцината Џонсон&Џонсон, вкупниот SMR бил 0,84, што е повторно пониско од стапката од 1,47 меѓу невакцинираните.

фото: pixabay.com

Немало разлика во смртноста кај младите

Кај испитаниците на возраст од 12 до 17 години, ризикот од смртност не се разликувал помеѓу оние кои биле вакцинирани со вакцината Фајзер и оние кои не биле вакцинирани. Во текот на студијата, 12 смртни случаи се случиле кај оваа возрасна група.

Врз основа на овие резултати, ЦДЦ препорача сите постари од 12 години да се вакцинираат. За помладите веројатно треба да се прават уште истражувања.

Поврзани содржини