НОВА СТУДИЈА ПОТВРДУВА Тешка форма на ковид ги удвојува шансите за смрт во следната година
Нашето истражување покажа дека во наредната година се забележани значително поголеми шанси за смрт кај пациентите кои ја надминале тешката форма на ковид-19 (за која биле хоспитализирани) Шемата беше особено честа кај пациенти помлади од 65 години. – се вели во студијата.
Пациентите кои заздравиле од тешка форма на ковид-19 имале двојно поголема веројатност да починат следната година од оние кои не се заразиле со коронавирус или ја победиле болеста со благи до умерени симптоми, според новата студија објавена во списанието „Frontiers in Medicine“.
Истражувањето сугерира дека тешката инфекција со коронавирус може да предизвика значително долгорочно оштетување на здравјето и укажува на важноста на вакцинацијата.
Зголемен ризик од смрт забележан особено кај оние под 65 години
Студијата покажа дека зголемен ризик од смрт е забележан особено кај популацијата помлада од 65 години, а само 20 отсто од пациентите кои заздравиле од тешка форма на ковид-19 починале од последици типични за ковид, како што е респираторна инсуфициенција, пишува „Гардијан“.
– Нашата претходна студија покажа дека пациентите со тешка форма на ковид-19 кои успеале да се опорават имале значително поголем ризик од хоспитализација во следните шест месеци – рече водечкиот автор на студијата, професорот Арч Мајнус од Универзитетот во Флорида.
– Со новата студија, го проширивме нашето знаење за да го истражиме ризикот од смрт една година по опоравувањето од тежок ковид – вели професорот.
Значително поголеми шанси за смрт во годината по хоспитализацијата поради тешка форма на ковид-19
Истражувачите ги проучувале електронските здравствени досиеја на 13.638 пациенти кои биле подложени на ПЦР тестирање за ковид во здравствениот систем на Универзитетот во Флорида, при што 178 пациенти имале тешки симптоми на болеста, 246 покажале благи или умерени симптоми на ковид-19, а останатите биле негативни.
Сите пациенти вклучени во студијата закрепнаа од болеста, а научниците продолжија да го следат нивното здравје и после тоа.
– Нашето истражување покажа дека во наредната година се забележани значително поголеми шанси за смрт кај пациентите кои ја надминале тешката форма на ковид-19 (за која биле хоспитализирани) Шемата беше особено честа кај пациенти помлади од 65 години. – се вели во студијата.
Имајќи предвид дека смртните случаи често следеле долго по надминување на инфекцијата, многу е веројатно ниту семејството ниту нивните лекари никогаш да не ги поврзале со ковид-19, покажа истражувањето.
– Треба да бидеме повнимателни во обидот да спречиме голем број тешки форми на болеста – велат истражувачите
Повеќето смртни случаи кои се случиле во рок од една година откако пациентите се заздравиле од тешката форма на ковид-19 не биле поврзани со вообичаените компликации што ја придружуваат болеста. Имено, 80 отсто од ваквите смртни случаи настанале од повеќе причини кои лекарите обично не ги поврзуваат со коронавирусот.
Податоците укажуваат дека во периодот од една година по хоспитализацијата поради ковид-19, севкупната здравствена состојба на пациентите се влошила и имале ослабен имунитетот, што ги направило поподложни на развој на разни други болести.
– Со оглед на тоа што сега знаеме дека постои значителен ризик од смрт по нешто што би можеле да го сметаме за непризнаена компликација на ковид-19, треба да бидеме уште повнимателни во нашите напори да спречиме голем број тешки форми на ковид-19 – кажа Мајнус.
– Ризик од тешка инфекција и надеж за успешно лекување и излекување по хоспитализацијата? Се чини дека ова не е крајна или целосна слика за негативниот исход на инфекцијата со коронавирус. Во овој момент, нашата препорака е да се преземат превентивни мерки, вклучително и вакцинација, со што ќе се спречи развој на потешки форми на ковид-19 – вели професорот.